Дали короната избегала од Институтот во Вухан: Д-р Женгли даде објаснување за американските медиуми

 Дали короната избегала од Институтот во Вухан: Д-р Женгли даде објаснување за американските медиуми

Во интервју за Њујорк Тајмс, виролог од Вухан, д-р Ши Женгли негирала дека вирусот Ковид 19 избегал од Институтот за вирологија во Вухан.

„Мојата лабораторија никогаш не спроведувала ниту соработувала во изведување на експериментот за зголемување на функциите кои ја зајакнуваат вирулентноста на вирусот“, рекла за Тајмс. Експертите од меѓународната заедница се бореле за транспарентен пристап за да о утврдат потеклото на коронавирусот.

„Како, во име на Бога, можам да понудам докази за нешто, таму каде ги нема?“, рекла Женгли во интервјуто. „Не знам како светот дошол до ова“, рекла таа.

Докторката Женгли вели дека тврдењата дека лабораторијата го појачала вирусот и држела информации за неговото ширење се шпекулации вкоренети во крајна недоверба.

„Сигурна сум дека не сум направила ништо лошо“, рекла за Тајмс. „Значи немам од што да се плашам“.

x