
Дали Златан е семето на раздорот? Најзгодната италијанска водителка раскина со дечкото
Згодната италијанска водителка Дилета Леота раскина со своето момче!
Според денешниот италијански печат, Дилета и нејзиното момче, боксерот Даниел Скрадина, веќе не се заедно.
И додека поранешните љубовници сè уште молчат и не се изјаснуваат на оваа тема, информациите се шират низ Италија дека Златан Ибрахимовиќ е „виновен“ за сè.
Имено, Златан и Дилета работеа заедно на фитнес кампања, а тие се многу активни на социјалните мрежи. Двајцата си оставаа провокативни коментари под фотките.
Дали навистина Дилета и нејзиното момче раскинале, како и дали тоа има врска со шведскиот фудбалер, времето ќе каже.