Дали знаете дека најскапиот мед на светот е произведен во Турција?

 Дали знаете дека најскапиот мед на светот е произведен во Турција?

Медот од тревната билка кантарион изваден од една пештера на надморска височина од 2.500 метри, далеку од населените места и другите пчелини колонии во Турција, по цена од 10 илјади евра за едно кило влезе во Гинесовата книга на рекорди како најскап мед на светот.

Цветовите на жолтиот кантарион којшто успева на високите делови во Средоземноморската и Егејската област во Турција, се извор за производство на овој најскап мед на светот. Додека при другите применувања на пчеларство се собира по 2-3 пати мед годишно, медот од кантарион наречен Кентаури (Centauri) се собира само еднаш годишно.

Овој мед којшто е многу различен од традиционалниот мед, има темна боја и лут вкус.

Располага со високи медицински својства од аспект на магнезиум, потасиум, фенол, флаваноид и антиоксиданси. Со примероците коишто се испраќаат до Научниот совет на Турција за потврдување на вредноста и квалитетот на мешавината се собираат само најквалитетните производи.

x