Дали знаете која е препорачаната доза на мандарини што смеете да ја консумирате во еден ден?

Дали знаете која е препорачаната доза на мандарини што смеете да ја консумирате во еден ден?

Мандарината е кисело-сладок цитрус од југоисточна Азија, која на нашите простори се одгледува од 19-ти век. И покрај тоа, тешко е да замислиме есен и зима без ова неодоливо овошје.

Ова овошје е препорачливо секојдневно да го консумираме, меѓутоа, важно е да имаме граница и во здравите навики.

Мандарините се богати со многу витамини, ја стимулираат функцијата на мозокот и се препознатливи по својот пријатен мирис и вкус. Сепак, како и со сè останато, и со нив мора да внимаваме и да се држиме до препорачаната доза.

Мандарината исто како и другите цитрусни овошја е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот на телото и борба против сезонски болести, ќии симтоми ги ублажува и го забрзува закрепнувањето, поради што се неизоставен дел од зимската исхрана.

Освен што се богати со витамин Ц, мандарините содржат и витамини од група Б, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Тие исто така ја стимулираат функцијата на мозокот и допринесуваат за подобро паметење, а се препознатливи се и по својот убав мирис и освежувачки вкус.

Препорачаната дневна доза на ова овошје е до седум мандарини. Консумирањето повеќе од седум мандарини може да доведе до покачено ниво на шеќер во крвта, а премногу фруктоза може да доведе до вишок килограми.

Исто така, мандарината како и другите цитрусни овошја содржи многу оксалат, па затоа не се препорачува за луѓе со предиспозиција за камења во бубрезите и жолчката и други болести.


Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds