
Далиќ: Ова е нашето руско финале
Селекторот на Хрватска Златко Далиќ е задоволен од пласманот во четвртфиналето на Мундијалот, но истакнува дека не сака да застане тука и најавува голема борба против фаворитот Бразил.
„Ова е нашето руско финале. Хрватска е единствената помала земја која го повтори успехот од пред четири години и нема да застанеме тука. Сакаме да одиме напред“, рече Далиќ.
Како важен дел од подготовките за натпреварот, најуспешниот хрватски селектор го зеде натпреварот против Србија.
„Го гледавме натпреварот помеѓу Бразил и Србија. Добар еден час Србија парираше, но после тоа српските играчи станаа нервозни, а Бразил играше. Сè се смени по првиот гол. Мора да останеме дисциплинирани и трпеливо да ја чекаме нашата шанса“, додаде хрватскиот стратег.