• 30/09/2020

Делегација од градот Далиан се сретна со градоначалникот Георгиески

 Делегација од градот Далиан се сретна со градоначалникот Георгиески
loading...
Advertisement

Делегација од градот Далиан, Народна Република Кина, предводена од заменик претседателот на Конгресот на општината, Лиу Вајму, вчера, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка што двете општини, Далиан и Охрид, ја негуваат. Посебен акцент беше ставен за можната соработка во зачувувањето и реставрацијата на старите објекти во Охрид, како и заштитата на животната средина.

Извор:skopje1.mk