Демант: Демократска Унија за Интеграција – Струга: Сме вработиле, вработуваме и ќе вработиме во иднина. Нашата цел е да им ја обезбедиме иднината на нашите млади луѓе

 Демант: Демократска Унија за Интеграција – Струга: Сме вработиле, вработуваме и ќе вработиме во иднина. Нашата цел е да им ја обезбедиме иднината на нашите млади луѓе

Имајќи ја во предвид изјавата што доаѓа од опозициската партија, ние како Демократска унија за интеграција – Струга сакаме да ги разјасниме сите граѓани на Струга.

Ние се водиме од нашите политики за правична застапеност, нашите политики ориентирани кон евроатлантската интеграција и нашите политики за вработување на младите базирани на меритократија.

Нашите вработувања се и отсекогаш биле во согласност со законите на Република Северна Македонија и без никакви прекршувања. Секое од направените вработувања доаѓа со оглед на потребите на институциите и избор на најдобрите кандидати за работното место.

На секој стружанец му гарантираме дека ќе продолжиме да вработуваме млади луѓе и сите оние кои го заслужуваат тоа без оглед на нивните политички убедувања, бидејќи за нас граѓанинот и неговата благосостојба се на прво место.-ДУИ СТРУГА

>
>