Денес се очекува привот снег

Денес се очекува привот снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд а на планините врнежи од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Струшко Охридскиот регион ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Во среда ќе преовладува претежно облачно време, во утринските часови во јужните делови со врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе сe спушти до -6, а дневната ќе достигне до 8 степени Целзиусови, информра УХМР.

Извор: УХМР