Денеска благ раст на температурите, кон крајот на денот дожд и снег

Денеска благ раст на температурите, кон крајот на денот дожд и снег

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник. 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds