Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа во: – Скопје 7- Куманово 6- Прилеп 4- Тетово 1- Пехчево 1- Делчево 1- Струга 1Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД -19.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds