Денеска ќе пристигнат 10 илјади вакцини од Фајзер

 Денеска ќе пристигнат 10 илјади вакцини од Фајзер

Денеска во Македонија ќе пристигне втората пратка од 10 илјади вакцини од компанијата Фајзер, која МЗ ја обезбеди преку директни преговори со овој производител на вакцини против Ковид 19.

Претходно, во првата пратка која беше на 19 април пристигнаа 10.530 дози од вакцината Фајзер.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче најави дека на 19 и 26 април треба да пристигнат по 10 илјади вакцини од Фајзер, преку ковакс системот вкупно 76.000 вакцини на Астра Зенека ќе пристигнат до крај на месецов, додека пак вакцините преку трилетарните договори со ЕУ се очекуваат на почетокот на мај.

>
>