Денеска уште посилен земјотрес во Хрватска од 6,3 степени, срушени објекти во Петриња, силно се тресело и во Загреб

 Денеска уште посилен земјотрес во Хрватска од 6,3 степени, срушени објекти во Петриња, силно се тресело и во Загреб

Денеска нов, уште посилен земјотрес од 6,3 степени ја погоди Хрватска, на 50-тина километри југоисточно од Загреб во градот Петриња.

Неофицијално срушени се неколку објекти во Петриња, а сите граѓани веднаш вознемирени излегле на улица.

Вчера наутро имаше два земјотреси со епицентар во близина на истото место од над 5 степени.

Земјотресот бил почувствуван и во Загреб, но и во делови од Србија.