Десерт на денот: Торта со јагоди и чоколадо

 Десерт на денот: Торта со јагоди и чоколадо

Лесна, освежителна и брза торта која ќе му се допадне на целото семејство.

Потребни состојки:

Подлога

400 г бисквити + 180/200 мл сок

Фил

1 желатин

100 г шеќер во прав

300 г јагоди

300 мл слатка павлака

400 г кисела павлака

Чоколаден дел

200 мл слатка павлака

200-250 г чоколадо

Начин на подготовка:

За подлогата измешајте мелени бисквити со сок по желба или растопен путер. Натапкајте ја смесата во тава.

За средниот дел изматете ја прво хоплата со шеќерот, додадете ја павлаката, па растопениот желатин(видете на видеото). Исечкајте јагоди и измешајте во филот, па префрлете го врз кората.

За чоколадниот дел измешајте ја хоплата со чоколадото на пареа додека да се истопи чоколадото. Па прелијте го одозгора. Оставете ја тортата барем 2-3 часа па послужете.

>
>