Десетчлено семејство загина во бомбардирањата на израелските авиони

 Десетчлено семејство загина во бомбардирањата на израелските авиони

Десетчлено семејство загина во Газа во најсмртоносниот напад на израелската војска од почетокот на ракетирањето.

Во исто време, Соединетите Американски Држави испратија специјален претставник да посредува во постигнува примирје. Хади Амр ќе разговара со официјали лица од Израел, Палестина и Обединетите нации.

Во вчерашните протести на Палестинците во окупираниот Западен Брег израелските безбедносни сили убија 12 луѓе.

За пет дена во Газа загинаа најмалку 133 луѓе, а осум во Израел.

Палестинските медицински служби кажаа дека десетчлено семејство загинало во израелски воздушен напад на бегалски камп во западниот дел на Газа. Мохамед Абу Хатаб рекол дека неговите сопруга и пет деца биле кај роднини за Рамазан бајрам, при што е познато дека преживаел само петмесечниот син. Сведоци изјавија дека авионите фрлиле три бомби врз куќата без предупредување.

x