Десетици мртви и живи закопани во калта откако тропската бура Меги ги опустоши Филипините

Десетици мртви и живи закопани во калта откако тропската бура Меги ги опустоши Филипините

Најмалку 53 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето откако тропската бура Меги ги опустоши Филипините.

За жал, бројот на жртвите во оваа природна катастрофа се очекува дополнително да се зголемува, велат надлежните.

Снимките објавени од филипинската крајбрежна стража покажуваат како спасувачите ги носат повредените на носилки низ вода до нивните гради и ги превезуваат преживеаните на сплавови низ поплавените улици.

Спасувачките екипи сè уште се обидуваат да пронајдат преживеани во поплавените села, копајќи во калта и газејќи низ водата до гради, пишува BBC.

Најпогодени се селата околу градот Бејбеј во централната провинција Лејте.

Многу други се закопани живи

Таму се излеаjа реки, а одроните збришаа бројни домови, оставајќи многу луѓе живи закопани во калта.

Градоначалникот Хозе Карлос Кари изјави за CNN дека најмалку 47 луѓе загинале во областа.

Во селото Пилар, околу 80 отсто од куќите завршија во морето, изјави владин претставник за новинската агенција AFP.

Повеќе од 100.000 луѓе на јужните и источните филипински острови се погодени од невремето, соопштија властите.

Тоа беше прва ваква бура оваа година – на Филипините во просек има по 20 секоја година.

Следеше околу четири месеци откако супертајфунот Раи опустоши многу од југоисточните острови на земјата во декември – убивајќи најмалку 375 луѓе и погоди околу 500.000 луѓе.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds