• 28/09/2020

Детали од хоророт во Германија: Мајка ги отрула своите 5 деца со таблети, а потоа се обидела да си пресуди

 Детали од хоророт во Германија: Мајка ги отрула своите 5 деца со таблети, а потоа се обидела да си пресуди
loading...
Advertisement

Во германскиот град Золинген, 27-годишна мајка ги отрула своите 5 од вкупно 6 деца, пред да се обиде да си го одземе животот со фрлање под воз.

Се фрлила на пруга во Дизелдорф, малку повеќе од 30 километри од станот каде ги отрула своите деца. Полициски извори наведуваат дека децата се отруени со таблети.

Германската полиција вчера ги пронашла телата на петте деца во зграда во Золинген.

Починатите деца биле три девојчиња од по една и пол, две и три години, како и две момчиња од по шест и осум години..

Шестото и најстаро дете, 11-годишен син, е жив и на сигурно и го чуваат роднините.

Локалните медиуми пренесуваат дека тој се качил во воз со мајка му за да појдат кај неговата баба, но дека мајката излегла на станицата во Дизелдорф, каде што се фрлила под возот.

Полицијата рекла дека бабата ги побарала во 14 часот и се упатиле во станот во Золинген. Дури и работниците од Брзата помош биле истрауматизирани од она што го пронашле во станот. Се обиделе да ги реанимираат децата, но било предоцна.

Не е јасно дали преживеаното дете било сведок на настанот во станот.

Портпаролот на полицијата, Штефан Вејанд рекол дека станува збор за трагичен случај и додал дека мајката сè уште не е во состојба за испитување.

„Не знам како и зошто се случил овој злочин“, рекол Вејанд за „WDR“.