Детали од нападот во Виена: Најмалку 7 загинати, убиен полицаец

Georg Hochmuth

Детали од нападот во Виена: Најмалку 7 загинати, убиен полицаец

Во Виена во вечерва се случи терористички напад, во кој најмалку седум лица беа убиени откако двајца терористи отворија оган во близина на синагога во центарот на градот.

Голем број луѓе се ранети, а полицијата уби еден од напаѓачите, додека по единиците трага целиот град.

Се сомнева дека има најмалку 7 мртви, а според непотврдени информации, неколку лица држат заложници во еден од блиските ресторани. Сепак, сопственикот на јапонскиот ресторан изјави дека наводите за заложниците не се точни.

Во тек е голема полициска акција. Според Кроне, еден напаѓач се разнел затоа што имал експлозивен елек. По други осомничени се трага. Наводно, испукани се најмалку 50 куршуми.

На теренот има голем број полициски возила.

Очевидци за ОРФ изјавија дека напаѓачите имале автоматски пушки

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds