Дете ја убило мајка си додека таа зборувала на телефон

 Дете ја убило мајка си додека таа зборувала на телефон

Мало дете во Флорида си ја убило својата мајка (21) откако нашол пиштол во нивниот стан, пукајќи во неа додека таа зборувала на телефон, соопшти полицијата на Флорида, пренесува Си-Ен-Би-Си. 

Колешката на мајката со која таа зборувала на телефон, слушнала силен тресок, а потоа слушнала како мајката паѓа на земја. Таа не знаејќи што се случило, веднаш се јавила на брза помош испраќајќи ја на нејзината адреса. 

Полицијата соопшти дека во домот на Шамаја Лин, мајката на детето, било пронајден репетиран пиштол кој припаѓал на нејзиниот татко и дека било пукано во нејзината глава. 

„Полицајците и болничарите дадоа се од себе за да и помогнат на госпоѓата Лин, но таа беше пронајдена со смртоносна рана во главата“ соопшти полицијата. 

Детето на Лин не било повредено во несреќата. Истрагата е во тек за тоа дали сопственикот на оружјето ќе се сноси со кривична пријава. 

>
>