Детското одделение во Струга од денеска ќе се користи за лекување пациенти со ковид 19, на интерно нема место

 Детското одделение во Струга од денеска ќе се користи за лекување пациенти со ковид 19, на интерно нема место

Полно е интерното одделение во Струга каде што се лекуваат пациенти позитивни на ковид 19, поради исполнетост на капацитетите, денеска просориите на детско одделение во склоп на струшката болница се адаптираат за лекување на ковид позитивни и суспектни пациенти, а детското одделение се сели во Детски диспанзер.

Директорот Мухамед Асани информираше дека има пациенти со разлилни клинички слики, но 90% од хоспитализираните се на кислородна поддршка.

Асани изрази надеж дека со адаптацијата на детското одделение ќе има доволно кревети за згрижување на сите пациенти.

Што се однесува до медицинскиот кадар, освен стандардниот кој што работи во болницата, во Струга, од Скопје се вратија стружани специјализанти кои сега помагаат за справување со состојбата со вирусот ковид 19 во нашиот град.

Во Струга моментално има 179 активни случаи на ковид 19.

извор:strugaonline.mk