Девојка украде осум милиони евра од германска компанија

 Девојка украде осум милиони евра од германска компанија

13 December 2019, Hamburg: Police forces are standing at a closed road on St. Pauli. The car of Hamburg Senator of the Interior Andy Grote was thrown with stones and paint containers in the morning. According to the police, the politician was sitting in his car on the way to the office during the attack. When the Minister of the Interior’s car had to stop at an intersection in the St. Pauli district, masked people approached the vehicle and attacked it. The State Criminal Police Office has started the investigation. Photo: Bodo Marks/dpa

Полицијата во Бремен денеска издаде налог за 28-годишна девојка, вработена во безбедносна транспортна компанија, под обвинение за кражба на осум милиони евра од компанијата.

– Осомничената по грабежот се здала во бегство и моментално не знаеме каде се наоѓа. Затоа му се обраќаме на населението со цел да ни помогне во потрагата, се вели во соопштението на полицијата.

Локалниот дневен весник „Весер-Куриер“ претходно објави дека станува збор за разбојништво кое се случило во пресрет на Духовден на 21 мај и дека, поради празникот, никој не го забележал грабежот сѐ до 25 мај.

Осомниченичената во транспортната компанија била задолжена за подготовка на парите за транспорт. Како парите успеале да стигнат до комбето кое било паркирано пред компанијата, како што може да се види од снимките на безбедносните камери, не е познато.

Јавното обвинителство, кое во меѓувреме покрена обвинение за тешка кражба, претпоставува дека осомниченичената веќе некое време е во странство.

>
>