Џамијата „Пантин“, затворена од Владата во Франција, повторно се отвора

 Џамијата „Пантин“, затворена од Владата во Франција, повторно се отвора

Француската Влада одлучи да ја затвори џамијата на шест месеци, со образложение дека управителот на Џамијата „Пантин“ во Сена-Сен Дени на интернет ја споделил неговата реакција за наставникот кој беше убиен на 16 октомври


ПАРИЗ (АА) – Во Франција, Џамијата „Пантин“, која беше затворена по убиството на учителот Самуел Пети, повторно се отвора на 9 април, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата дадена од управата на Сена-Сен Дени, каде што се наоѓа џамијата, се наведува дека Џамијата „Пантин“ ќе биде повторно отворена од петок, по разговорите со новото раководството на џамијата.

Француската Влада одлучи да ја затвори џамијата на шест месеци, со образложение дека управителот на Џамијата „Пантин“ во Сена-Сен Дени, североисточно од Париз, на интернет ја споделил неговата реакција за наставникот кој беше убиен на 16 октомври, затоа што на час на своите ученици покажал навредлива карикатура на божјиот пратеник Мухамед.

Одлуката на која се спротивстави управата на џамијата беше потврдена од Управниот суд во градот Монтреј и Државниот совет.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин и локалната самоуправа истакнаа дека услов за отворање на џамијата е претседателот на здружението, Мохамед Хениче, да си замине од функцијата.

Хениче од претседателската функција се повлече на 14 март.

x