Димче Шипинкароски:На средба со жителите на Октиси

 Димче Шипинкароски:На средба со жителите на Октиси

На денешниот пазарен ден во с. Октиси имавме одлична можност да поразговараме со пазарџиите и купувачите.


Пред жителите ја промовиравме програмата, разговаравме за понатамошни вложувања со конкретни проекти со цел уредување и на ова населено место од општината.

Асфалтирање на улици,подобрување на водоводен и канализационен систем, целосно реконструирање на фудбалското игралиште како и изградба на повеќенаменско игралиште за деца;Октишани се вредни домаќини и чесни луѓе и затоа чест ми беше како кандидат за градоначалник заедно со кандидатите за членови во советот на општината да ги слушнеме нивните идеи и приоритети за уште поразвиено Октиси.-истакна Димче Шипинкароски, кандидатот за градоначалник на општина Струга.

>
>