• 21/09/2020

Димитров: Се бара пренасочување на ИПА фондовите за борба против коронавирусот

 Димитров: Се бара пренасочување на ИПА фондовите за борба против коронавирусот
loading...
Advertisement

Република Северна Македонија бара пренасочување на средствата од ИПА фондовите за да може да ги користи како средства за борба против корновирусот, информира шефот на дипломатијата Никола Димитров на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека пред 2-3 дена е упатено писмо до еврокомесарот комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, а синоќа разменил и неколку пораки и со Кристијан Даниелсон од тој Генерален директорат, но се разговара, како што рече, и со многу земји членки.

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар, потсети шефот на дипломатијата, имаше средба со премиерот Оливер Спасовски.

– Бараме пренасочување од ИПА фондовите за да можеме да ги користиме како средства за борба против корновирусот. Ние за годинава, беше најавено, добивме 50 милиони евра награда за реформските постигнувања, има едни осум милиони евра од минатата година и правиме напори овие средства да можеме да ги користиме во оваа кризна ситуација и истовремено правиме спецификации на медицинска опрема до сите пријатели – земји членки и НАТО сојузници, појасни министерот Димитров.

Во однос на помошта од ЕУ за Србија од седум милиони евра и каде е Македонија, министерот Димитров потенцира дека ќе има помош за целиот регион. Појасни дека кај Србија се работи за еден договор што тамошната делегација го имала со УНДП и средствата се пренасочени за борба против коронавирусот и воопшто кризната ситуација.

– Ние сме во постојана комуникација, имаме испратено барања. Вчера меѓу другото и во тој контекст имав размена на пораки со комесарот и со други претставници на ЕК и ЕУ. Целиот регион ќе биде вклучен бидејќи географски сме во рамки на ЕУ, истакна министерот Димитров.

Извор:Alsat.mk