• 21/09/2020

Директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани го најавија електронскиот рецепт кој почнува од 1 мај 2020

 Директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани го најавија електронскиот рецепт кој почнува од 1 мај 2020
loading...
Advertisement

Фондот за здравствено осигурување од утре, први мај 2020 година воведува пропишување и издавање на лекови без хартија, преку електронски рецепт еРецепт за хронична терапија за хронично болни лица.

Практично, ова значи дека нема потреба хроничните болни да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт. Наместо да губат време за одење, чекање во ординации и враќање, корисниците на хроничната терапија ќе треба телефонски да исконтактираат со својот матичен лекар и да добијат информација дека им е искреиран електронскиот рецепт. Потоа одат директно во аптека и со документ за лична идентификација ќе можат да ги подигнат пропишаните лекови. Предвидена е можност, друга личност да ја подигне терапијата во нивно име, доколку хроничните пациенти не можат лично да го сторат тоа.

Освен тоа што ќе придонесе за поефикасна заштита на пациентите и медицинскиот персонал од актуелниот коронавирус, електронскиот рецепт ќе продолжи да функционира и по завршувањето на пандемијата со КОВИД-19. Од први мај ќе функционира за хроничните пациенти, а забрзано и посветено работиме да профункционира за сите осигуреници и за сите дијагнози.

Придобивките од новиот електронски рецепт се повеќекратни за сите осигуреници, матичните лекари, аптекарите, како и за Фондот за здравствено осигурување.

Хроничните болни добиваат лесен и ефикасен пристап до лекови и поефикасна здравствена заштита. Матичните лекари нема повеќе да изготвуваат хартиени рецепти, туку нивниот софтверски креиран рецепт ќе биде достапен директно во аптеките. Се скратуваат трошоците и ресурсите за печатење и издавање на рецепти, а лекарите ќе имаат многу повеќе време за прегледи на пациентите без никаков дополнителен трошок.

Целиот процес за пропишување и издавање на лекови се рационализира, односно станува поефикасен и побрз. Ова е во директен интерес на 773 аптеки со кои Фондот има склучен договор, како и со 1236 ПЗУ од општа медицина, 1096 ПЗУ стоматологија и  165 ПЗУ од областа гинекологија.

Преку дигитализација на рецептите на хронично болните лица, Фондот за здравствено осигурување во реално време ќе ја следи валидноста преку овој систем и обемот на издадени рецепти и лекови. Исто така, во реално време, стручните служби на Фондот ќе може брзо и ефикасно да интервенираат при евентуални индиции за недоследности или злоупотреби на системот.  

Објаснување на процесот

Самиот процес опфаќа две фази; прво, процес на пропишување на еРецепт кај матичниот лекар и втора фаза процес на издавање на лек во аптеката врз основ на пропишан еРецепт во сите 773 ПЗУ со кои Фондот има склучено договор.

Осигурено лице се појавува кај својот матичен лекар за да му пропише лек за акутна состојба со внес на потребните податоци во софтверот на матичниот лекар, што е исто како и досега. Пропишаниот лек се проследува до Мој термин, а потоа и до Фондот за контрола каде на софтверот на матичниот лекар се враќа информација за неговата валидност, односно дали е на товар на Фондот.

За пропишување на хроничен рецепт, осигуреното лице не мора да се појави кај матичниот лекар, туку може телефонски да побара пропишување на лековите за хронична терапија. Матичниот лекар му пропишува хроничен лек со внес на потребните податоци во софтверот на избраниот лекар.

Пропишаниот лек се проследува до Мој термин, а потоа и до Фондот каде на софтверот на матичниот лекар се враќа информација за неговата валидност, односно дали е на товар на Фондот. Матичниот лекар само за пропишување хронична терапија нема потреба од издавање на хартиен рецепт.

Процесот во аптеките останува како и досега, со тоа што:

– Лицето во аптека кое бара лек се идентификува со документ за лична идентификација;

– Аптекарскиот стручен кадар иницира проверка по рецептот, дали е валиден, дали е претходно реализиран итн;

– По издавањето на лековите аптеката веднаш го евидентира и означува рецептот за реализиран во новиот систем (нема да е дозволено одложено евидентирање) и

– Аптеката ќе добие одговор за успешноста на валидацијата, дали рецептот е реализиран на товар на Фондот, по што реализираниот рецепт нема да може повторно да се искористи.

Хронично болните и матичните лекари ќе имаат големо растеретување и придобивки од воведувањето на Рецептот.