Дизелот поскапува од полноќ

Дизелот поскапува од полноќ

Освен дизелот, од полноќ за три денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 78,5 денари за литар

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари и ќе се продава по 80,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Освен дизелот, од полноќ за три денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 78,5 денари за литар.

Цените, пак, на бензините еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и мазутот денеска нема да се менуваат. Па така, еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 76 денари за литар, литар еуросупер БС-98 ќе чини 78,5 денари, а килограм мазут ќе се продава за 39,37 денари.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds