• 24/09/2020

До 1 ноември во Македонија ќе умрат над 1.600 од КОВИД-19, освен ако сите не носат маски, предвидува американски Институт

 До 1 ноември во Македонија ќе умрат над 1.600 од КОВИД-19, освен ако сите не носат маски, предвидува американски Институт
loading...
Advertisement

До 1 ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од КОВИД-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки, според проекцијата на американскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл.

Покрај ова, институтот од Сиетл предвидува уште две сценарија.

Најлошото сценарио е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до 1 ноември. Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до 1 ноември би изнесувал 752.

Институтот за здравствени мерења и проценки од Сиетл има направено три проекции врз основа на три сценарија. Според најлошото, до 1 ноември во Македонија ќе има 1.805 починати од КОВИД-19, а според најповолното 752. Заклучно со вчера, починати се 406. (Фото: принтскрин)

Според проекцијата за најлошото сценарио, бројот на починати би пораснал до 32 дневно до 1 ноември, додека во најповолното сценарио, таа бројка е 3 дневно.

Проекциите на Институтот за здравствени мерења и проценки се врз основа на бројките до 11 јули, кога имаше 380 починати во Македонија.

Заклучно со вчера, вкупно дијагностицирани со КОВИД-19 во земјава има 8.786, од кои оздравени се 4.676, починати се 406, а активни се 3.704.