• 28/09/2020

До 200 кг на ден: Во Холандија откриена најголемата лабораторија за производство на кокаин (ВИДЕО)

 До 200 кг на ден: Во Холандија откриена најголемата лабораторија за производство на кокаин (ВИДЕО)
loading...
Advertisement

Холандската полиција ја пронајде најголемата лабораторија за производство на кокаин во градот Нивен и уапси 17 лица од Колумбија, Турција и Холандија.

Полицијата наведува дека при упадот во поранешното училиште за јавање коњи, пронашле десетици илјади литри хемикалии и 100 килограми кокаин, пренесува „Гардијан“.

Еден од полициските службеници, Андре Ван Ријн, рече дека лабораторијата е опремена да произведува меѓу 150 и 200 килограми кокаин на ден, чијашто улична вредност е меѓу 4,5 и осум милиони евра.

„Ова е најголемата лабораторија досега пронајдена во Холандија“, рече тој во Рајна.

Полицијата открила и спални соби за работниците во штала, околу 120 километри северо-источно од Амстердам и пронашла 100 килограми кокаин. По претресот на магацините во околните градови Апелдорн и Елшут, запленети се околу 120 тони „носачи на материјал“.

Осомничените треба да се појават пред судија оваа недела, а можни се и нови апсења, соопшти полицијата.

Според весникот „Дагблад ван херт Норден“, неколку десетици силно вооружени полицајци употребиле транспортно оклопно возило и хеликоптер за надзор во операцијата, што се случи рано во петокот, но беше објавено едвај деенска.

Полицијата наведува дека 13 осомничени се од Колумбија, и дека еден од уапсените има двојно холандско и колумбиско државјанство.

Тринаесет приведени државјани биле колумбиски државјани, соопшти полицијата. Тројца холандски државјани – вклучително и 64-годишен сопственик на штала во северното село Нивен – и еден турски осомничен, исто така, се уапсени.

Запленети се десет илјади литри хемикалии, заедно со опрема како што се буриња, пластични цевки и пет миксери за цемент кои се користат за екстракција на кокаин од таканаречениот „носач на материјал“, како што е облека импрегнирана со дрога пред да се извезе во Холандија.