
Добри вести од УЕФА: Ериксен е свесен во болница!
Данската фудбалска ѕвезда Кристијан Ериксен колабираше на натпреварот против Финска на отворањето на Европското првенство (ЕП) и поради несаканиот момент дуелот на „Паркен“ е во прекин.
Фудбалерите се шокирани и плачат, гледачите се занемени, а лекарите се борат за животот на Данецот. Според последните информации, Ериксен свесен го напуштил теренот.
Исто така се огласија и од УЕФА, од каде сооопштија дека играчот е свесен и е моментално во болница. Повеќе информации ќе следат наскоро, поточно во 19:45 часот, кога ќе се огласат од кризниот штаб на европската куќа на фудбалот.