• 19/09/2020

Доделување награди на најдобрите филмови снимени со мобилен на 10. „Мобил фестивал“

 Доделување награди на најдобрите филмови снимени со мобилен на 10. „Мобил фестивал“
loading...
Advertisement

Скопје, 5 декември: Во Кинотеката на Македонија утре (6 декември) со почеток од 17 часот часот ќе се одржи финалната вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола. 

Ќе бидат прикажани победничките филмови што пристигнаа на нашата адреса на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон. Повикот беше отворен од јули, а пристигнаа  над 1000 филмови од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а ќе бидат доделени и награди за најоригинална идеја и најиновативен филм. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за кино, за публиката ќе има и други награди и изненадувања.

Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот Keep it rolling. 

Селектираните филмови кои ќе се прикажат утре во Кинотека:

  1. Butterfly Man by Enis Manaz
  2. Star Dust by Guo Qin
  3. Dulcinea  by Francisco Lidon Plaza 
  4. Circles and Triangles by Darya Trublina
  5. Old Skin by Julie Rembauville, Nicolas Bianco-Levrin
  6. Life Time by Marc Muthuon
  7. Sir Chub de Pigi by Oleksandr Hoisan
  8. Yes, No by Matteo Tibiletti
  9. Falter – Bubblefree by Stefan Salcher
  10. Fugitives by Frank Benitez
  11. Silence is Deadly by Brice Veneziano 
  12. Beware the Wolf! by Julie Rembauville
  13. Scream by Gonzague Legout
  14. Like and Follow by Forrest Schlage
  15. Medulla by Veronika Kamchevska
  16. To act (or not to act) by Mallory Grolleau
  17. Lionverse by Chun Hei Mok
  18. Fish by Aboozar Soltani
  19. Mis(s)Date by Anke Sabrina Beermann
  20. The Crossing  by Ashley Prigent
  21. Ice-cream and Freedom  by Neno Belchev 
  22. Choice Paralysis by Ivan Grgur
  23. Switchman by Mehdi Khoramian
  24. The Trembling Giant by Arina Shabanova
  25. Sandwich by Filip Lafazanovski