Доктор во Италија обвинет дека УБИЛ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ од ковид-оддел за да ОСЛОБОДИ КРЕВЕТИ

 Доктор во Италија обвинет дека УБИЛ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ од ковид-оддел за да ОСЛОБОДИ КРЕВЕТИ

Доктор во Италија е уапсен заради сомнеж дека убил двајца пациенти на одделението каде се сместени заразени со корона вирус, за да „ослободи кревети“. Според наводите на медиумите 47-годишниот Карло Моска им дал смртонозни дози анестетик на 61-годишниот Натале Баси и 80-годишниот Анџело Палети, а се се случило во март минатата година во болница во Ломбардија.

Пораките меѓу медицинските сестри преку апликацијата ВатсАпп покажале дека работничките се сомневале дека Моска ги убил пациентите за да ослободи кревети на одделот.

Полицијата истражува уште три смртни случаи после тврдењата дека овој доктор наводно ги менувал медицинските извештаи за да ги покрие своире траги, пренесува Дејли меил.

Москва е уапсен и се наоѓа во домашен притвор, а сите обвинувања ги отвфрлил и ги нарекол „неосновани“.

Од друга страна, обвинителот истакнива дека пациентите чија смрт се истражува не биле интубирани, така што Моска немал никаква причина да им вбризгува анестетик.

>
>