Документарниот филм од 2017-та година „фрла ново светло“ на приказната за потеклото на коронавирусот

 Документарниот филм од 2017-та година „фрла ново светло“ на приказната за потеклото на коронавирусот

Институтот за вирологија во Вухан познат е по своите истражувања за вируси кај лилјаците, а токму тие веќе подолго време се наведуваат како можен извор за ширењето на заразата.

Меѓутоа, кинеските власти тие тврдења ги отфрлаат како „чисти шпекулации“ и истакнуваат дека во таа лабораторија важи високото ниво на безбедност.

Меѓутоа, еден документарен филм кој што на државната телевизија „CCTV“ веќе бил прикажуван во 2017-та година, покажува колку лежерно поедини работници на Институтот се однесуваат со работата со коронавирусот, пренесува „Дојче веле“ и додава дека на тој филм потсетил и „Тајван Нујз“, во пресрет на доаѓањето на експертите од СЗО.

Во споменатиот филм прикажана е група научници собрани околу Ши Џенгли, позната под прекарот „Bat Women“ во потрагата по потеклото на SARS, а иако им било јасно дека лилјаците кои што ги прегледувале во себе можеби носат смртоносни вируси, некои од научниците за време на истражувањето во пештерата во Јунан не носеле ниту заштитна опрема.

Уловените лилјаци тие ги прегледувале со голи раце, без заштита, а во рацете бил земан и нивниот измет кој што е можен извор на заразата.

Вирологот Чуи Џиу дури изјавл дека го каснал лилјак низ тенките гумени ракавици и тој во филмот го покажува отеченото место од загризот, додека глас од позадина ги изнесува фактите дека лилјаците можат да пренесат многубројни вируси, меѓу кои и беснило, па затоа членовите на истажувачкиот тим пред земање на примероци се вакцинираат против беснило.

Тој филм ненамерно покажува дека мерките за безбедност баш не се почитуваат како што треба, не само во моментите на истражување во пештерата туку и во лабораторијата, каде што лабораториските техничари не носат заштитни одела или пак маска на лицето, пренесува „Дојче веле“.

Како што зијавила Ши Џенгли, „таа работа не е толку опасна како што мислите“ затоа што многу е мала веројатноста на директна зараза на луѓето.

Таа тогаш појаснила дека нејзините соработници, кога знаат дека лилјаците на одредени места во себе носат вирус кој може да премине на човекот, треба да спроведат поголеми мерки на претпазливост, но дека „во поголемиот дел од случаите се применува само обична заштита“.

Овој филм го отвора прашањето на кое што сигурно и тимот на СЗО би сакал да ги дознае одговорите.