ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

Зелената партија ДОМ, остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник.
Апелираме до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за
хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от.

Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на
100 згради во кои би можело да се вселат околу 20.000 станари. Тоа е соодветно на
вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен! Предложениот ДУП
неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на град Скопје.
Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, ДУП-от мора да е во согласност
со ГУП-от.

Дополнителен проблем би претставувало и обезбедувањето соодветна комунална и
сообраќајна инфраструктура за толку голем број жители.

Укажуваме и на обврската за почитување на одредбите од Законот за урбано зеленило, за
заштита на зеленилото и обезбедување најмалку 20% зеленило на градежна парцела.
Имајќи го предвид ургентниот проблем со аерозагадувањето и климатските промени,
ДОМ предлага наместо градежна, зелена експанзија во Расадник. Наместо нови згради,
да се направи парк во овој дел на градот

ДОМ: Остануваме доследни во борбата против отворање рудници

Намерата за експлоатација на бакар, злато и сребро во Плавица и Црн Врв, општина Кратово и Пробиштип, на инвеститорот ДПТ Силген Ресурсис Интернешнл, објавена на 30.09.19 од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, предизвикува загриженост и револт кај граѓаните.

Согласно демократските принципи граѓаните имаат право јавно да го изнесат својот став, а локалните советници се должни да ги застапуваат интересите на граѓаните. Испраќањето писмени известувања со најава за превземање правни дејствија од страна на инвеститорот против советничката на ДОМ во Пробиштип, Светлана Станојковска, поради “паушални и клеветнички наводи” во постови на социјалната мрежа Фејсбук, нема да не поколебаат во искрената и чесна борба против опасните рудници. За ДОМ заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните секогаш е пред бизнис интересот на поединци.

Потсетуваме дека Основниот суд 2 и Апелацискиот суд во Скопје, по поднесената тужба од страна на Боров дол ДООЕЛ Радовиш, донесоа пресуди во корист на ДОМ. Судот оцени дека нема клевета во пренесувањето на јавно достапни информации, ниту пак намера да му се наштети на честа и угледот на тужителот. Дополнително, судот го истакна правото на слобода на изразување, заштитено според Европската конвенција за заштита на човековите права.
ДОМ останува доследен во борбата против отворање рудници кои ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните. Во изминатите три години заедно со граѓанските активисти, успеавме да го спречиме отворањето на рудници за злато и бакар, во Казандол и Иловица и да ја измениме законската регулатива, со што се забрани отворање нови рудници од отворен коп кои користат цијаниди и сулфурна киселина.

Министерството за економија, неодамна поднесе информација до Владата со предлог одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – бакар, злато и сребро на локалитетот “Плавица и Црн Врв“ во Кратово и Пробиштип. Апелираме Владата да ја донесе оваа одлука, во интерес на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Можеби ке те интересира

This will close in 0 seconds