Дома му нашле тегли со марихуана

Дома му нашле тегли со марихуана

Дваесетгодишен охриѓанец заврши зад решетки поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што информира СВР Охрид, при преглед извршен на 22 септември, полициските службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана. Дополнително, при претрес во неговиот дом во Охрид биле пронајдени четири тегли со марихуана.

Полицијата до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против осомничениот кому му е одредена му е мерка притвор.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds