
Донацијата на компанијата “ Еколог Интернешнл” им се додели на диркеторите на основните и средните училишта на Општина Струга

Вчера, таблетите кои беа донација од компанијата “ Еколог Интернешнл” им беа предадени на директорите на основните и средните училишта на Општина Струга со цел што побргу да им се доделат на децата и учениците од социјалните загрозени семејства, кои заради својата економска состојба немаат уреди со кои би ја следеле онлајн наставата.Општина Струга им е благодарна на сите бизниси и домашни компании кои во овие тешки времиња им помагаат на семејствата кои имаат потреба од помош.Заедно ќе успееме.
Канцеларија за односи со јавноста,Општина Струга