
Донесена одлука: Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот
Министерот за здравство Венко Филипче, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека денеска на седницата на Влада е донесена одлука за работа на угостителските објекти до 21 часот, наместо досега до 18 часот.
Мерката стартува во четврток на 21. јануари.
Исто така согласно епидемиолошката состојба, можно е работното време да биде продолжено и до 23 часот.
„Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.“, напиша Филипче.