• 19/09/2020

Дознал дека сопругата го изневерува со помош на Гугл мапс

 Дознал дека сопругата го изневерува со помош на Гугл мапс
loading...
Advertisement

Маж од Перу додека ги разгледувал улиците на Лима со помош на Гугл мапс наишол на неочекувана глетка.

На една од споредните улици забележал дека на една клупа седи неговата сопруга. Но, она што го шокирало било тоа што таа не била сама, туку на нејзините нозе лежел непознат маж.

Токму на овој начин тој открил дека сопругата го изневерува.

Како што пренесува британски „Мирор“, сопругата откако се вратила дома, не го негирала неверството.

Овој брачен пар веднаш потоа почнал бракоразводна постапка.