ДПА ја почна кампањата во Тетово – Мендух Тачи го промовираше Сади Беџети

 ДПА ја почна кампањата во Тетово – Мендух Тачи го промовираше Сади Беџети

ДПА кампањата ја почна од Тетово каде ги промовираше кандидатите за градоначалници. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи рече дека ДПА има планови и идеи  за трансформирање на власта и за затворање на прашањето на транзицијата кое се уште трае.

„Јас мислам дека оваа трансформација  со овие кадри кои ги промовира ДПА, на албанскиот народ кој живее во Македонија му дава златна можност за трансформација и затворање на транзицијата. Ние, како што реков, имаме план, имаме знаење и искуство за демонстрирање власт“, истакна Мендух Тачи.

>
>