
Драма со пиштоли во куќата на фудбалерот на Рома: Отворете го сефот – ќе пукаме!
Во куќата на фудбалерот на Рома, Крис Смолинг, се одвивала вистинска животна драма.
Општо е познато дека фудбалерите се често мета на крадци и провалници, а сега на мета се најде англискиот фудбалер Крис Смолинг кој живее во Рим.
Во куќата на Смолинг влетале тројца маскирани провалници, кои биле вооружени, а во тој момент Смолинг се наоѓал со целото семејство дома.
Драмата била толку голема што имало урлање кое се слушало и до главната улица, а провалниците набрзина ги натерале Смолинг и неговата сопруга да го отвараат семејниот сеф. Тие на крајот биле олеснети за еден Ролекс, останале без семејниот накит, одредена сума на пари и разни други драгоцености.
Полицијата во куќата на Смолинг дошла околу 5 часот, а неговото семејство било видно потресено по насатапот. Ова се случило веднаш по натпреварот кој Рома го одигра против Ајакс во Лига Европа, а Смолинг не играше поради повреда на мускулот.