Драма во Босна: Убиено дете, убиецот држи заложник и фрла бомби кон полицијата

 Драма во Босна: Убиено дете, убиецот држи заложник и фрла бомби кон полицијата

Крвава драма се случува вечерва во село во близина на босанското гратче Фоча, каде човек, кој според медиумите е душевно болен, убил десетгодишно дете, по што зел заложник во селото и се забарикадирал во куќа, од каде пука и фрла бомби кон полицијата.

Според извештаите, осомничениот, чии иницијали се Б.Т., со истрели од огнено оружје го убил детето во автомобил на патот кон селото Заваит, по што се сокрил во селото Челебиќи. Двете села се блокирани од полицијата, која трагала по убиецот, пред да го опколи во една куќа, каде тој наводно држи како заложник повозрасен жител на Челебиќи.

Според извори од полицијата, осомничениот пукал кон полицајците и фрлил неколку бомби кон нив.

Околу 50 полицајци се распоредени во реонот, а блокиран е и блискиот патен правец кој Пљевља, пишуваат босанските медиуми.

x