
Драма во САД: Трамп објави победа и побара да запре броењето на гласовите
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција прогласи победа на изборите, иако во повеќе сојузни држави се уште се бројат гласовите. Клучните држави се уште неизвесни, а Трамп обвинува за кражба.
„Резултатите се извонредни и подготвени сме да излеземе и да прославуваме. Граѓаните излегоа во рекордни бројки“, порача Трамп пред своите симпатизери во Белата Куќа каде ги следи изборните резултати со околу 250 гости.
Трамп прогласи победа и во неколку држави каде се уште се бројат гласовите и каде исходот се уште важи за неизвесен. Притоа, ги обвини демократите дека се обидуваат да ги лажираат изборите преку инсистирање на задоцнето гласање и броење на гласачките ливчиња стигнати по пошта.
„Знаеја дека ќе изгубат и затоа сега ќе одат по судови. Веќе го најавив ова“, рече Трамп најавувајќи дека и тој ќе се жали пред Врховниот суд за да „го запре гласањето“.