Драма во Санкт Петерсбург: Татко ги држи своите шест деца како заложници, се заканува дека ќе ги убие

 Драма во Санкт Петерсбург: Татко ги држи своите шест деца како заложници, се заканува дека ќе ги убие

Вистинска драма се случува во Санкт Петерсбург каде 42-годишен маж ги држи своите шест деца како заложници – како што пренесуваат руските медиуми, таткото се заканува дека ќе ги убие своите деца со секира.

Полицијата е пред станот и се обидува да го наговори лицето да ги пушти децата, но ситуацијата и натаму е крајно неизвесна.

Тој наводно е во алкохолизирана состојба и бара неговата сопруга итно да се врати дома или во спротивно, ќе ги убие децата.

Некои локални медиуми пренесоа дека неговата сопруга ја повикала полицијата откако тој во алкохолизирана состојба дошол во станот, ја исфрлил надвор и ја заклучил вратата.