
Драстично предупредување од ОН: Од епидемијата на Ковид-19 би можеле да умрат милиони луѓе
Драстично предупредување од Обединетите нации (ОН): Од епидемијата на Ковид-19 би можеле да умрат милиони луѓе…
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го достави следното предупредување до светот: „Доколку дозволиме вирусот да се шири како шумските пожари особено во најбеспомошните области во светот, ќе умрат милиони луѓе.“
Гутерес на одржаната прес конференција преку видеоконференција даде изјави во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која го зафати целиот свет.
Велејќи дека вирусот не само на луѓето влијае и на глобалната економија, Гутерес потсети на соопштението на Меѓународната организација за труд (ИЛО) во кое се истакнува дека поради вирусот вработените во светот би можеле да претрпат загуби од приходи во износ од 3,4 трилиони долари.
Гутерес напомена дека преземените мерки на национално ниво се недоволни за присутната криза во глобални димензии, а воедно упати повик до земјите од Г-20 (20 индустриски најразвиени земји и земји со забрзан економски развој) да фрлаат нови координирани и одлучни чекори во борбата против епидемијата на коронавирусот и да им помогнат на земјите во развој.
„Најсиромашните и најбеспомошните земји ќе го добијат најтешкиот удар. Доколку дозволиме вирусот да се шири како шумските пожари особено во најбеспомошните области во светот, ќе умрат милиони луѓе. Имаме заеднички непријател и водиме војна против еден вирус.” – рече генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.