Друг пат ќе размисли: Маж во Ријека излегол од автомобил и почнал да ѝ вика на жената пред него, нејзиниот потег го натерал да бега

 Друг пат ќе размисли: Маж во Ријека излегол од автомобил и почнал да ѝ вика на жената пред него, нејзиниот потег го натерал да бега

Еден маж од Ријека кој одлучил да ѝ објасни некои работи на жената во возилото пред него, набрзо избегал со брзина на светлината.

Социјалните мрежи се полни со снимки од дрски и безобразни луѓе кои малтретираат послаби од себе, само за набрзо да сфатат дека „послабиот“ на пример, е мајстор за боречки вештини.

Сега се појави едно такво слично, интересно видео од риечките улици.

Имено, кога се вклучило црвеното светло на семафорот, мажот излегол од синиот автомобил и започнал да му вика на возачот во автомобилот пред него. Но, викањето очигледно брзо му „преседнало“ бидејќи 10-тина секунди подоцна од возилото излетала бесна жена со палка во раката, која го натерала мажот да побегне од местото.

Снимката на својот Твитер профил ја споделил популарниот хрватски музичар Дражен Турина Шајета со пораката „Браво девојко“.

x