Дрвокрадци во струшко избегнале контрола и се обиделе да  прегазат полициски службеници

Дрвокрадци во струшко избегнале контрола и се обиделе да прегазат полициски службеници

На 29-ти мај 2022 година, околу 11:20 часот, на локалниот пат кон струшкото село Богојци, полициски службеници од Полициското одделение од Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел Фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица.

– Возачот не застанал и со возилото се обидел да удри двајца полициски службеници. Повредени нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds