• 22/10/2020

Државата ќе бара 426 милиони евра за финансирање на пругата Кичево – Струга – Албанската граница

 Државата ќе бара 426 милиони евра за финансирање на пругата Кичево – Струга – Албанската граница
loading...
Advertisement

Изградбата на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија, ќе се одвива во две фази, за што средства ќе се бараат од меѓународни финансиски институции и кредитори.

Се задолжува Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на проектот „Изградба на железничка пруга Кичево – граница со Р. Албанија, прва фаза делница Кичево – Струга“, како и грант средства за техничка помош на овој проект. – соопшти Владата.

Со изградба на пругата, како и на автопатот Кичево – Охрид со крак до Струга и целосна рехабилитација на патот Струга – Граничен премин Ќафасан, ќе бидат отворени нови можности за развој на регионот, кој според најавите на владата автопатски ќе биде поврзан со главниот град, што ќе биде приоритет во наредниот период.

извор:OhridNews

English »