
ДРЖАВЈАНИН НА АЛБАНИЈА: Бил пријавен за исчезнат, а телото е пронајдено закопано во Скопје
Албански државјанин кој исчезнал пред неколку недели e најден мртов во Скопје. Р.К. кој пред неколку недели е пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во земјава. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет, објавија медиумите во Албанија.Балкан веб пишува дека се работи за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.