
Државјанин на Албанија чувал марихуана во шума близу Струга
По претходно добиени оперативни сознанија дека лице од Р.Албанија во атарот на с.Фериште, струшко, во шумата има сокриено марихуана, во периодот од 20.00 часот на 04.03.2020 до 01.00 часот на 05.03.2020 полициски службеници извршиле преглед на теренот и на наведеното место во дупка покриена со гранки била пронајдена кеса со околу еден килограм марихуана. Извршен бил увид на местото, за настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.