Дуи изборната кампања ја почна со митинг во Гостивар- претставен кандидатот за градоначалник Невзат Бејта

 Дуи изборната кампања ја почна со митинг во Гостивар- претставен кандидатот за градоначалник Невзат Бејта

Дуи предизборната кампања ја почна со митинг во Гостивар, каде доскорешен  градоначалник беше Арбен Таравари од политичкиот опонент Алијанса на Албанците. На собирот беа претставени кандидатите за градоначалници на ДУИ  и членовите за советот на општината. Лидерот на партијата Али Ахмети, во говорот пред присутните рече дека неговата партија и натаму ќе се залага за  поквалитетен живот на граѓаните.

–Ова е почетна конвенција со која го продолжуваме маратонот на успех кој го трчаме 20 години, маратон на ниту еден пораз а маратон на сигурни победи. Ме прашуваат која е тајната на успехот, а тој не треба многу да се анализира , зашто успехот бил во вас граѓаните. Нашиот успех е што вие давате се од срце за нашата платформа, рече Ахмети. 

– Има уште за работа, ќе работиме да ја намалиме корупцијата, да го подобриме судството, да ги спровердеме реформите. Нашето место за живеење да го направиме подобро од вчера, рече Ахмети.

Оваа изборна трка, Дуи ќе ја трча со 19 кандидати за градоначалници и 35 советнички листи. Пред гостиварчани се обрати и кандидатот за градоначалник на Гостивар, од оваа партија Невзат Бејта.

Од Дуи во трка за старо нов мандат се градоначалниците Теута Арифи за Тетово,Рамиз Мерко за Струга, Фатмир Дехари за Кичево, Хекуран Дука за Дебар и Висар Ганиу за Чаир.

>
>