Два послаби земјотреси регистрирани во Албанија

 Два послаби земјотреси регистрирани во Албанија

Два послаби земјотреси се регистрирани рано утрово во областа околу Драч и Тирана во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот центар.

Првиот земјотрес е регистриран околу 06,40 часот на 14 километри северно од Драч, на длабочина од два километри, а можел да се почувствува во Тирана, пренесуваат тамошните медиуми.

Неколку минути подоцна во истата област е регистриран земјотрес со јачина од 2,5 степени.

Засега нема податоци за материјална штета.

>
>