Дваесет и четирие казни за сообраќајни прекршоци во Струга

 Дваесет и четирие казни за сообраќајни прекршоци во Струга

При контроли во сообраќајот, извршени вчера, регистрирани се 46 пречекорувања на дозволената брзина на движење: Охрид-12, Струга-24, Кичево-10, а кај 3 возачи во Охрид утврдено е дека управуваат автомобил под дејство на алкохол, информира СВР Охрид.

Тие се исклучени од сообраќајот, одземени им се возачките документи и се соодветно санкционирани. – соопшти полицијата.

Полициските службеници во Охрид санкционирале 5 возачи поради непрописно паркирање на моторно возило, во Струга подигнати се 6 моторни возила непрописно оставени на коловозна лента, а во Дебар евидентирани се 4 пешаци кои небезбедно и надвор од пешачки премин преминувале коловозна сообраќајна лента, се наведува во извештајот на СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Скопје и 53-годишен штипјанец, двајцата вработени во Бирото за метрологија во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тие спротивно на Законот за возила, неовластено издале одобрение за единечно возило марка „МАН“, сопственост на правно лице од Струга и овозможиле негово регистрирање, соопшти СВР Охрид.

>
>